21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата го уапси Н.Т. – тој е осомничен дека го запали познатиот кафе бар во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Т. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “предизвикување општа опасност“.

Имено, на 30.12.2017 година, околу 18.00 часот, Н.Т. бил заедно со неколку лица во угостителски објект на ул. „Маршал Тито“ во Прилеп, при што почнал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот во локалот околу наводно непослужување со алкохол. Тој им кажал на двајцата дека ќе пие и нема да плати. По интервенција на обезбедувањето, пријавениот го напуштил објектот, упатувајќи закана дека ќе го запали локалот. Откако го напуштил објектот, Н.Т. бил забележан на бензинска пумпа, а неколку часови подоцна, односно во 00.30 часот Н.Т. се обидел повторно да влезе во угостителскиот објект, но бил спречен од страна на обезбедувањето. Околу 03,30 часот Н.Т. влегол во летната бавча на истиот локал и со себе носел три шишиња со запалива течност. Веднаш откако влегол, започнал со палење на делови од објектот.

По преземени оперативни мерки Н.Т. е пронајден и лишен од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано: