Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата Маршал Тито во Виница.
Според полицијата, тие со закана со пиштоли ги затвориле вработените во тоалетот од казиното, ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Спонзорирано: