8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Не сме стигнале до таму да разговараме за нови имиња со Грција

Немаме стигнато до таму да разговараме за некои нови имиња со Грција, изјави на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, кој се наоѓа во дводневна посета на Приштина.

Во врска со информациите што ги објави грчката телевизија „Стар“, дека се преговара за името „Нова Македонија“, Заев рече дека веројатно се работи за предлог на медиумите.

„Она кое што веруваме дека овие денови ќе се разговара е потврда на желбата на двете страни за суштествено да навлезат во решавање на проблемот којшто Грција го има со нашето уставно име“, изјави Заев.

Изрази надеж дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера, за понатаму да може да се очекува разработка на можни решенија на проблемот.