Главниот град на САД, Вашингтон, се соочува со инвазија од сиви стаорци, предизвикана од благата зима и растот на бројот на населението.
Градските власти се обидуваат да ја задржат ситуацијата под контрола, но во одделот за контрола на штетници е забележан рекорден број повици од граѓаните, објави агенцијата АП.
Вашингтон е петти на листата на градови во САД со најголема популација на опасни глодари. Листата е составена од компанијата за контрола на штетници, „Оркин“.
На врвот на листата се Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес.
Секоја година повеќе од 20 милиони глодари влегуваат во домовите на луѓето, тврди американската национална асоцијација за контрола на штетници.
Спонзорирано: