18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Избрани кум и здравичар за Бадник

Првите и најзначајни личности на традиционалната 27 манифестација во пресрет на Божик, што скопјани со симпатии ја прифатија и здушно ја поддржуваат се избрани.Кум е Љупче Николовски, а здравичар Миливое Алексиевски, познати личности и вљубеници во својот град. Првиот е бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен Вински витез, а вториот е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.

Им припаѓаат на различни генерации. Миле Сирма е држечки 85 годишник , кој се уште работи со длето и чекан, а два-три пати неделно е со скопјанчиња, кои ги учи на пливачката вештина. Љупче е млад пензионер, роден е во 1953 година, полека фирмата им ја препушта на синовите, но љубовта спрема македонското вино не го остава на мира, ги знае сите тајни на винарството и се радува на успесите на винарите и на се поприсутните винарии, кои ја шират возбудливата приказна за нашето виногорје, за климата и македонските јадења тој е промотор на напитоците од се поголемите винови насади.

В недела на 23 декември напладне во месноста Краста Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2019 соопштувајќи на тој начин дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“.Тука скопските Бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник.

До таму од Скопје оддалечено 15-тина километри се доаѓа од два правца-преку Долно Соње и црквичката „Свети Трипун“ се до патот за езерото Козјак и крстосницата за „Матка“2, односно ХЕЦ Света Петка. Вториот правец води од патот за Драчево и некаде пред мостот на Маркова Река се врти десно кон Батинци, Марков Манастир,каменоломот на цементарница „Усје“ и нагоре кон езерото Козјак се доаѓа до месноста наречена Краста,каде што Бадникарите ги сечат организирано светите традиционални бадникови гранчиња што бесплатно им ги делат на своите сограѓани.

Спонзорирано: