На официјалната интернет-страница на прерано починатиот Тупак Шакур што ја водат членовите на неговото семејство се појави интересна објава.
Имено, станува збор за мистериозна објава во која се најавува нешто наречено „1998“ и тоа нешто треба да се појави на 24 ноември.
Се разбира, обожавателите претпоставуваат дека се работи за новиот постхумен албум.
Имено, неодамна беше завршен судскиот спор меѓу семејството на раперот и неговиот поранешен издавач Death Row Records, што значи дека е отворен патот за најмалку два албума со необјавени песни.
Спонзорирано: