Доколку на оваа вкусна и здрава чорба додадете кубети или леб, имате комплетен ручек!
Состојки:
300 гр спанаќ
4 јајца
1 лажица брашно
1 лажичка црвена пипер
овчо кисело млеко
сол
масло
Начин на подготовка:
Обварете го спанаќот, исечкајте го и пропржете го на малку масло. Налијте вода и гответе 15 минути од моментот кога ќе зоврие.
Додајте лажица масло измешана со брашно и црвена пипер. Посолете по вкус.
На крај, во врелата чорба ставете скршени (неразматени) јајца. Послужете со кисело млеко или јогурт.
Добар апетит!
Спонзорирано: