10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Ова е НАЈВКУСНАТА ПИТА која морате да ја направите барем еднаш!

Оваа пита се прави со мелено месо и сирење, а се додаваат и други состојки. Овој специјалитет е карактеристичен на Балканот, а неговиот вкус е феноменален!

Состојки:

750 гр кори за пита;500 гр мелено месо; 400 мл кисела павлака Пекабела; 750 гр сирење; магдонос; 1 главица кромид; 5 јајца;1 ; лажица мешавина од зачини; 1/2 лажица копар; масло; сол; мелен црн бибер

Начин на подготовка:

Во тава со загреано масло испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте мелено месо. Посолете, побиберете, додајте лажица мешавина од зачини, копар, исечкан магдонос и измешајте.
Во длабок сад крупно изрендајте сирење, додајте 4 јајца и 200 мл кисела павлака. Посоелете и соединете ги состојките.

Намастете тепсија и ставете кора, која ќе ја свиткате до големината на тепсијата, па ставете уште една кора. Нанесете го испрженото месо со кромид и уште 6 згужвани кори. На нив ставете фил од сирење, јајца и павлака. Потоа нанесете згужвани кори, во целост прекривајќи го филот.

На корите ставете мелено месо, па уште две кори. Пропрскајте ги корите со масло и премачкајте ја целата површина.

Печете еден час на 180 степени. Исечете ја питата на парчиња и потоа останатата павлака разматете ја со јајце и нанесете на секое парче пита. Печете уште 40 минути на иста температура, па послужете.

Добар апетит!

Спонзорирано: