10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Колач со праски и крем

Одлична комбинација на фил од праски и чоколадни пишкоти во која се додава еурокрем или нутела. Мек и сочен колач со праски и крем…

Состојки:

4 јајца , 200 гр кристал шеќер, 2,5 дл млеко, 50 гр какао прав, 200 гр еурокрем, 150 гр маргарин, 1/2 кесичка прашок за печиво, прстофат сол

Состојки за фил:

1 кг зрели праски,2 кесички пудинг од ванила,150 гр шеќер,1 дл вода, шлаг за украсување

Начин на подготовка:

Разматете јајца со шеќер па додајте млеко, омекнат маргарин, еурокрем, просеано брашно и какао, сол, прашок за печиво. Матете со миксер да се соедини па излејте во намастена тепсија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

За филот, измијте ги праските и исечете ги на мали парчиња, малку измешајте ги па ставете да се готват со шеќер околу 20 минути.

Посебно разматете пудинг со вода па згответе во праските. Гответе додека не згусне и врел прелијте го преку печениот колач.

Оставете малку да се излади па ставете го во фрижидер да стегне (најдобро до другиот ден), премачкајте со разматен шлаг или слатка павлака, исечете на коцки, па послужете.
Уживајте!

Спонзорирано: