Жена која била оперирана поради болки во грбот, излегла од болница без бубег откако по грешка ѝ го извадиле мислејќи дека е тумор. Морин Пачеко поднела тужба поради грешката на докторот Рамон Васкез, кој ја извршил операцијата на 51-годишната жена во болницата во Флорида.
Хирургот донел одлука да го отстрани она што мислел дека е канцероген тумор, по што било утврдено дека се работи за карличен бубрег, кој е функционален орган. Инцидентот се случило во април 2016 година.
Д-р Васкес вели дека регионалниот медицински центар во Велингтон не го информирал дека Пачеко имала пелвичен бубрег. Пред инцидентот, докторот имал беспрекорен запис.
Според неговиот адвокат Марк Мителмарк, случајот е решен во негово име за „номинален износ”, а докторот не признал одговорност при приемот на решението.
Во периодот меѓу април и септември оваа година во САД биле забележани 96 инциденти на погрешно извршена хируршка интервенција, вклучително и биопсијата на погрешни гради, јајчници отстранети по грешка и отстранувањето на погрешната страна на дебелото црево на пациент.
За да се спречат ваквите инциденти болниците треба да ги спроведат процедурите, како што е јасно означување на делот од телото на кое треба да се работи, тоа мора да се следи за да се спречи човечката грешка да има катастрофални ефекти.