5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

В понеделник без вода ќе останат дел од корисниците во Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри, која беше најавена и од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски успешно заврши.

Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег, велат од ЈП Водовод и канализација и додаваат дека вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција би сакале да ве информираме дека во понеделник без вода за пиење од 9 часот па се до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

Оттаму исто така додаваат и дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

Спонзорирано: