Одличен за сите кои имаат премногу обврски!
Состојки: 2 чаши кисело млеко или густ јогурт, 1,5 чаша шеќер, 2,5 чаши брашно, 1 чаша масло, 100 гр кокосово брашно, 1 прашок за печиво, 200 гр чоколадо за глазура, кокос за украсување
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги да добиете еднолична смеса, излејте во плех или калапи за мафини и ставете да се пече на 180 степени 15-20 минути, додека не добие убава златно-кафеава боја. Проверете со чепкалка дали тестото е печено.
Кога малку ќе се излади, од горе прелијте со растопено чоколадо и посипете со малку кокосово брашно.
Уживајте!
Спонзорирано: