24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милионерот Бренсон го советува Маск да се наспие и да престане да твитува

Ричард Бренсон, сопственикот на „Вирџинија рекордс“, му даде неколку совети на Илон Маск – како милијардер на милијардер.

Претходните неколку месеци беа турбулентни за извршниот директор на „Тесла“. Маск доживеа јавна криза во бизнисот на компанијата и неговата фирма речиси доби тужба од Комисијата за хартии од вредност.

Двајцата милијардери се во вселенската трка заедно со извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, но тоа не го спречи Бренсон да му даде пријателски и охрабрувачки совети на Маск.

„Мора да најде време за себе, мора да најде време за своето здравје и за своето семејство. Тој е прекрасно креативно лице, но не смее да спие толку малку“, вели основачот на Вирџин-групата.

Бренсон додаде дека Маск мора да работи на уметноста на раководењето и да најде фантастичен тим на луѓе околу себе.

Исто така, советот на Бренсон е дека Маск мора да престане да твитува.

Спонзорирано: