4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски професор бара ослободување на приведената студентка во Израел

Професор од Универзитетот „Флорида“ апелира да се ослободи студентката што беше приведена во Израел.

Американската студентка Лара Алкасем беше приведена кога пристигна со важечка студентска виза во Израел, каде што планирала да студира право, студии за човекови права и слобода на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Властите негираат дека Алкасем е приведена поради сомнение дека учествувала во Движењето за бојкот, дивестиција и санкции, кое ги повикува сите бизниси и образовни институции, како и познати личности, да прекинат секакви односи во земјата.

Израел веќе подолго време остро го критикува ова движење, а израелскиот парламент изгласа закон во 2017 година, со кој властите имаат дозвола да приведат лица што јавно ја бојкотираат земјата.

Дрор Абенд-Давид, професорот на Алкасем на Универзитетот „Флорида“, вели дека тој е само еден од лавината луѓе, вклучувајќи ги и нејзините професори, кои сметаат дека таа треба итно да биде ослободена и да ѝ се дозволи правото да студира.

„Сите што ѝ предававме бевме воодушевени од неа“, вели професорот во изјава за агенцијата „Анадолија“.

„Формиравме група од повеќе професори на нашиот факултет и се трудиме да ѝ помогнеме“, додава Абенд-Давид.

„Лара воопшто не беше антисемитист“, вели професорот.

„Таа е добра,учтива девојка, сака да помага и во ниеден момент не покажала дека има лоши чувства кон Израел или кој било поврзан со земјата“.