27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се забрануваат електронските цигари

Хонг Конг планира да ги забрани електронските цигари и други нови уреди за пушење со цел да го заштити јавното здравје, изјави денеска лидерката на оваа полуавтономна кинеска територија, Кери Лам.

Таа истакна дека нејзината влада работи на нацрт-закон со кој ќе се забранат увозот, производството, продажбата, дистрибуцијата и рекламирањето на електронските цигари, објави агенцијата АП.

Употребата на електронски цигари наиде на остри критики во светот, а повеќе од дваесет земји веќе ги забранија. Многу локални власти во САД исто така се обидоа да ја ограничат нивната достапност, особено поради можноста младите да станат зависници од тутун.

Во светот продажбата на цигари е во пад, иако континенталниот дел од Кина останува најголем производител и потрошувач на тутун бидејќи повеќе од половина од машката популација пуши.