17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велшанец испи 30 чаши алкохол за помалку од една минута, само да не ја плати сметката (Видео)

Британскиот турист, кој беше на одмор во Грција, успеа да испие дури 30 чаши силен пијалак самбука за само 59 секунди. На овој чекор се одлучил со цел да добие бесплатни пијалаци.

На видеото се гледа Крис Мекадамс (20) од Велс како пие чашка по чашка алкохол.

Крис работи со скратено работно време во „Мекдоналд“ и тврди дека вработените во еден клуб во Грција му рекле дека ако одговори на предизвикот, нема да ја плати сметката.

Во еден момент додека ги пиеше пијалаците, тој изгледаше вознемирен, но персоналот го охрабри да продолжи.

Крис рече дека е навикнат да пие силни пијалаци.

„Шанкерот ми кажа дека ако испијам 30 чаши самбука за 90 секунди, нема да морам да ја платам сметката, која беше 25 евра. По тоа, се чувствував добро, но дома ми беше лошо“, вели тој.

Ова видео доби многу критики бидејќи луѓето истакнаа дека Крис можел да умре од толкаво количество алкохол.

Спонзорирано: