18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZТОП ВЕСТИ

(Фото) Убиецот на Џон Ленон најмалку уште две години во затвор

На убиeцот на Џон Ленон десетти пат му е одбиено барањето да биде пуштен на условна слобода. На затвореното сослушување во четвртокот повторно беше прогласен за неподобен за повторно приклучување кон заедницата.

Марк Дејвид Чепмен (63) го уби музичарот на познатата група „Битлси“ на 8 декември 1980 година пукајќи му четири пати во грбот пред зградата „Дакота“ на Менхетн додека Ленон се враќаше дома.

Според „Нујорк дејли њуз“, тој бил испрашуван од група од три лица, кои уште еднаш одлучиле да не му дозволат да биде пуштен на условна слобода. Причината поради која тврдењето на Чепмен беше одбиено сè уште не е објавена.

Чепмен има право уште еднаш да поднесе барање, 11-то по ред, за две години, односно во 2020. Тогаш ќе има 65 години.

Спонзорирано: