Спасувачки хеликоптер во Јапонија, во кој имало девет лица, изгубил контакт со контролата на летање и се претпоставува дека се срушил или принудно слетал, соопшти денеска полицијата.
Во хеликоптерот биле лица од Управата за справување со катастрофи и пет пожарникари.
Хеликоптерот „Бел 412 ЕП“ го напуштил хелидромот во Маебаши околу девет часот и 15 минути по локално време и требало да се врати во 10 часот и 45 минути.
Спонзорирано: