10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските власти откриваат нов економски модел поради падот на лирата

Турските власти најавија дека ќе објават нов економски модел, со оглед на тоа што националната валута – лира, продолжува да слабее.
Министерството за финансии соопшти дека ресорниот министер, Берат Албајрак денеска ќе ја објави рамката на новиот економски модел. Министерството додаде дека очекува инфлацијата, која во моментов изнесува речиси 16 проценти, да се врати на едноцифрено ниво.
Лирата која од почетокот на годината изгуби околу 30 проценти од вредноста, се намали во четвртокот на нов рекорден минумум од 5,43 лири за долар. Падот следеше по веста дека состаноците на високо ниво во Вашингтон помеѓу американските и турските официјални лица за апсењето на американскиот свештеник се завршени без конкретно решение. Поради приведувањето на свештеникот во Турција, Вашингтон воведе санкции против двајца министри во турската влада и предупреди на дополнителни казнени мерки.
Спонзорирано: