Двајца непознати сторители што биле на мотоцикл фрлиле „молотов коктел“ кон автомобил „пасат“, кој со шлеп-служба бил носен на вештачење во МВР.
Според пријавата во полиција, инцидентиот се случил вчера на булеварот Александар Македонски за време на транспортот на возилото со словачка регистрација.
По стореното злодело, сторителите го напуштиле местото на настанот.
Во инцидентот возилото било делумно оштетено, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.