12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Партиите да не условуваат, туку да достават предлози за ДИК, порача Џафери

Партиите да не условуваат, туку да достават предлози за членови и претседател на Државната изборна комисија како што се обврзаа, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во согласност со надлежностите, тој вели дека може да свика седница, но тоа би било залудно ако нема меѓупартиски договор затоа што е потребно двотретинско мнозинство за да се избере новиот состав на ДИК.

– Разрешница за ДИК е политичките партии да донесат одлука да излезат од условите што ги поставуваат во однос на обврските што ги имаат преземено. Јас немам потреба да чекам, не е мој проблем што бара ВМРО-ДПМНЕ, Собранието има процедура, партиите се обрзаа, консензуално ги донесоа измените на Изборниот законик за избор на ДИК. А за другите барања и потреби, кога ќе има договор, не е пречка Собранието и тоа да го реализира – рече Џафери.

Во однос на указот на законот за ратификација на договорот со Грција, кој претседателот Иванов не го потпиша и го врати до Собранието, Џафери вели дека ќе го испрати до „Службен весник“, но не прецизира кога ќе се случи тоа бидејќи нема рок.

Спонзорирано: