Попладнево во делови од земјава е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Моментално понестабилна облачна маса има над Скопската Котлина и северно од неа, како и на потегот меѓу Македонски Брод и Велес. Правецот на движење е од запад – југозапад кон североисток.
Исто така, поголема нестабилна маса од Албанија веќе ги зафаќа западните делови од земјава. Најмногу дожд денеска наврна во Охрид, Крива Паланка, Претор, Пожаране, Лазарополе, Тополчани, Тетово, Маврово и Скопје.
До крајот на денот ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во вечерните часови наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме.
За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. Можна е и локална појава на град, особено на североистокот од земјава.