8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Неочекувано: Ова е најновиот потег на Амди Бајрам

Амди Бајрам влегува во Владата.

Сојузот на Ромите на Амди Бајрам станува дел од владината коалиција предводена од СДСМ. Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. Тој не сакаше да открие која партија кое министерско место ќе го преземе.

„Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој дејствуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово, ќе биде соопштено од самите партии што ги номинираат кандидатите“, рече Заев и додаде дека, за него, пред сè, е најважно за какви личности се работи.

Заев очекува најдоцна до крајот на неделата да ги формализира и предлозите да ги испрати до Собранието. Исто така, премиерот очекува при крајот на месецот со новиот владин состав да се разговара и за подолните ешалони, односно за директорските места.

На новинарско прашање дали има доверба во лидерот на ДПА, кој во бомбите се колнел дека ќе ѝ биде верен до гроб, Заев рече дека довербата е релативна работа. „Мендух Тачи нема да биде член на Владата“, рече Заев.

Тој не сакаше да открие кои министри на СДСМ ќе бидат сменети. „Не би сакал да соопштам затоа што процесот на одлучување сè уште е во тек. Штом ќе бидат познати имињата, веднаш ќе ги споделам со јавноста“.