Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико, а засега нема извештаи за материјална штета.
Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 252 километри, а неговиот епицентар бил на околу 2 километри југоисточно од општината Канила во Гватемала.
Агенцијата за природни катастрофи во Гватемала соопшти дека нема непосредни извештаи за штета, додека властите за цивилна заштита во јужната мексиканска држава Чиапас соопштија дека нема повредени или материјална штета.
Спонзорирано: