Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветВо тренд...

Украина станува најдобро вооружена земја во Европа, предупредува Кисинџер

Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдобро вооружување во Европа и со најнеискусно раководство, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за „Економист“.

„Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е неверојатно опасно. Европејците велат дека не ги сакаат Украинците во НАТО затоа што се премногу ризични, но добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Сега ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја во Европа со најмалку стратегиски искусно рајоводство“, предупредува Кисинџер.

Тој верува дека конфликтот меѓу Русија и Украина ќе заврши приближно на истите позиции што ги имаа пред 24 февруари 2022 година и стравува дека Украина подоцна може да се обиде со воени средства да ги врати териториите што Русија ги контролира од 2014 година.

Кисинџер посочи дека светот ќе добие „незадоволна Русија, но и незадоволна Украина, ако руската ‘специјалната операција’ не заврши во корист на Москва“.

Поранешниот американски државен секретар додава дека Западот има на располагање две опции за да обезбеди мир во Европа. Прво, да ја прими Украина во НАТО, и, второ, да се поттикне зближување со Русија за да се создаде стабилна граница во источниот дел на регионот.

„За доброто на европската безбедност, подобро е да ја имаме Украина во НАТО, каде што не може да одлучува за територијалните претензии на национално ниво“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Пред само една година, Кисинџер имаше сосем спротивен став, истакнувајќи дека обидите на Вашингтон да ја вклучи Украина во НАТО по распадот на Советскиот Сојуз не биле разумни.

Во изјава за Советот за надворешни односи, непартиски американски тинк-тенк, 99-годишниот ветеран дипломат во таа пригода посочи дека Вашингтон се обидел неселективно да ги вклучи сите поранешни членки на советскиот блок под својот чадор по падот на Берлинскиот ѕид и дека „целиот регион помеѓу центарот на Европа и руската граница станал отворен за реструктуирање“.

„Од руска гледна точка, САД тогаш се обидоа да го интегрираат целиот овој регион, без исклучок, во стратешки систем предводен од Америка“, објасни тој, додавајќи дека овој развој, во основа, ѝ го отстранил историскиот „безбедносен појас“ на Русија.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе