Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС и дека барикадите на северот на Косово мора да бидат отстранети.
– ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални акции на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мирот мора да се врати – напиша Борељ на Твитер.
Тој посочи дека ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР и дека сите актери мора да избегнуваат ескалација.