21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Ужас во Италија: Пукање на состанок на станари во Рим, тројца убиени

Најмалку три жени се убиени кога маж извадил пиштол и отворил оган за време на состанок на станари во Рим, објавија италијанските медиуми.

Извештаите велат дека 57-годишен маж бил уапсен по пукањето, кое се случило во бар во областа Фиден, каде што се одржувал состанокот на станарите.

Во престрелката се ранети уште четири лица, а најмалку едно од нив се здобило со тешки телесни повреди.

Осомничениот бил локален жител кој имал серија расправии со група станари, изјави сведок за „Раи њуз“.

Спонзорирано: