24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Питон каснал 5-годишно момче, се замотал околу него и го одвлекол во базен

Питон во Австралија вчера нападнал петгодишно момче. Го каснал, се замотал околу него и го одвлекол во базенот. За среќа, го спасиле неговиот татко и дедо.

Бо Блејк си играл покрај приватен базен кога змија долга 10 метри го нападнала и го одвлекла во водата. Ова го видел дедото, скокнал во базенот и ги извлекол момчето и сè уште заплетканиот питон. Тогаш таткото го ослободил детето од стисокот на змијата.

По инцидентот, кој се случи во крајбрежниот град Бајрон Беј во Нов Јужен Велс, Бо претрпе само полесни повреди.

„Кога ја исчистивме крвта и му рековме дека нема да умре бидејќи тоа не е отровна змија, тој беше добро. Тој е вистински војник“, изјави неговиот татко Бен за радиостаницата „3AW“ во Мелбурн, како што пренесува Би-би-си.

„Бо се шеташе околу работ на базенот. Верувам дека питонот веќе беше таму и чекаше да дојде жртва. Видов голема црна сенка како излезе од грмушката и набрзо питонот беше завиткан околу неговите нозе”, изјавил 76 -годишниот дедо.

Спонзорирано: