5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пожар во станбена зграда во Кина, загинаа 10 лица

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главен град на западната кинеска област Ксинџијанг, јави државната телевизија CCTV.

Девет од повредените се задржани во болница поради вдишување чад, но нивните животи се надвор од животна опасност, соопшти CCTV.

Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена.

Во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг оваа недела загинаа 38 луѓе.