Најмалку 10 лица загинаа, а 40 се повредени кога автобус падна од карпа кај преминот Саланг во Авганистан, соопшти денеска локалната служба за безбедност.
Несреќата се случила на автопатот Кабул-Баглан во областа Малхан.
Превојот Саланг се наоѓа во планините Хиндукуш, а тунелот долг 2,67 километри, кој минува под самиот премин, го изградил Советскиот Сојуз во 1964 година.
Тунелот го поврзува северен Авганистан со главниот град Кабул и јужните делови на земјата.
Спонзорирано: