Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Напаѓачот од геј клубот во САД е 22-годишник, кој лани ѝ се заканувал на својата мајка со бомба

Дваесет и двегодишниот Андерсон Ли Олдрич е напаѓачот кој уби пет и рани 18 луѓе во геј клуб во Колорадо Спрингс, соопшти окружното обвинителство и полицијата.

Масакрот се случил во клубот Кју, а осомничениот е повреден и е во притвор. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Окружниот обвинител Мајкл Ален на прес-конференција во Колорадо Спрингс изјави дека имало само еден вооружен маж.

„ Доколку повеќе осомничени бидат идентификувани и уапсени, тие информации ќе ги споделиме со јавноста“, рече тој.

Новинар на Еј-Би-Си пренесе на Твитер изјава на шерифот на Ел Пасо, во која се вели дека Олдрич минатата година бил обвинет за закани со бомби кон неговата мајка и дека кај него биле пронајдени повеќе оружја. Тој исто така изјави дека се уште се истражува дали се работи за кривично дело од омраза.

Началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Адријан Васкез, изјави за новинарите дека младиот осомничен влегол во клубот и веднаш почнал да пука од пиштол.

„ Додека напаѓачот беше во клубот, најмалку двајца храбри луѓе во клубот се бореа со него и успеаја да го спречат да продолжи да убива и повредува гости. Ние сме им многу благодарни“, рече Васкез на прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Падна рекордна седумка на Лото во Кичево – среќникот ќе се офајди со 500.000 евра

Во Кичево вечерва се падна рекордната Лото добивка од 32.921.304 денари или околу 500.000 евра. Засега нема информации за идентитетот на добитникот, но од она што се знае лото ливчето… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе