Речиси 90.000 жители на градовите Нов Јужен Велс во Австралија се предупредени итно да ги напуштат своите домови поради претстојните поплави, кои се четврти по големина поплави во Австралија оваа година.
Властите издадоа предупредување за евакуација за градовите Вага Вага, Гунед и Форбс во Нов Јужен Велс.
Според метеоролозите, градот Форбс, кој се наоѓа западно од Сиднеј, утре би можел да биде погоден од најлошите поплави во последните 70 години.
Во изминатите 24 часа во Нов Јужен Велс спасувачките тимови изведоа 15 операции за спасување на луѓето од поплавените подрачја.
Австралија издвои 1,3 милијарда долари за помош на илјадници жители чии домови беа оштетени од поплавите и во некои случаи да се преселат во побезбедни области.