20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Австрија ги вакцинирале со погрешна доза на „Фајзер“

Погрешна етикета на картон во Австрија предизвика конфузија кај лекарите предизвикувајќи да се даваат погрешни дози вакцини против коронавирусот.

Во пакетот со вакцините на „Фајзер“ пишувало дека се приспособени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јавува јавниот сервис ORF.

За колку такви дози станува збор моментно е нејасно, а погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија.
Лекарската комора на Долна Австрија проценува дека биле погодени 60-ина лица.

Грешката била направена кај една веледрогерија, а била откриена минатиот петок.

Спонзорирано: