Во последните 24 часа во Европа се забележани повеќе од 50.000 удари на громови, повеќето од нив во Италија, Словенија, Истра и северна Хрватска.
Невремето проследено со грмотевици што ја погоди Европа со себе донесе голема количина дожд, а во некои случаи и град, пренесуваат регионалните медиуми.
Според метеоролошкиот сервис Weather Europe, во јужна Австрија имало град, а на некои места и поплави. Во Грац улиците биле преплавени со вода и сообраќајот се одвивал во отежанати услови. Како што се наведува, невремето не ја заобиколило ниту Словенија.
Спонзорирано: