Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Денеска е државен празник и неработен ден во Република Македонија.
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.
Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово.
Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.