Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руското министерство за одбрана: Израелски воени авиони ја бомбардираа сириската воена база

Два израелски борбени авиони Ф-15 ја бомбрадираа сириската воена база Т-4 во провинцијата Хомс, соопшти руското министерство за одбрана. Според информациите, авионите испалиле осум ракети, но пет од нив биле соборени пред да го погодат аеродромот.

„Сириските воздушни сили соборија пет ракети“ објави руското министерство за одбрана, додавајќи дека три ракети ја погодиле западната страна од аеродромот.

Либанските медиуми утрово објавија дека израелски авион бил во воздухот за време на нападот врз сириската воена база. Според радиодифузерот, ракетите го преминале либанскиот воздушен простор над Кешерван и Бекаа, летајќи кон Сирија.

Спонзорирано: