18-годишниот напаѓач уби 14 ученици и еден наставник во основното училиште Роб во Увалде, изјави гувернерот.
Во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое загинаа 14 деца.
Пукањето се случило во 12:17 часот по Тексас (19:18 по средноевропско време) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.
„18-годишен напаѓач уби 14 ученици и еден наставник во основното училиште Роб во Увалде“, рече гувернерот.
ФБИ помага во истрагата, според CBS.
Болница во Сан Антонио соопшти дека примиле дете и возрасен од пукањето во училиштето. Возрасната, 66-годишна жена, е во критична состојба, соопштија од болницата
Напаѓачот е уапсен. Во болницата биле примени 13 деца. Две деца се пренесени во поголема болница во градот Сан Антонио, а останатите се уште чекаат на трансферот, јавува Си-Ен-Ен. Меѓу оние кои завршија во болница е и 40-годишен маж. Двајца пациенти починале на пат кон болница, а нивната возраст не е позната.