24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопски таксист му приредил хорор каков што не можел ни да замисли

На 30.03.2018 година во 19,10 часот во Полициската станица -Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот “Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје.

Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари.

Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата.

Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: