3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва силно невреме беснее во Охрид и Струга – Се излеа езерото

Вечерва силно невреме проследено со силен ветер беснее во Охридско-струшкиот регион.

Првичните информации говорат дека езерото се излеа кај Струга и покрај тоа што испуштањето кон Дрим е на максимално ниво.

Утре особено во утинските часови ќе има поинтензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи (локално околу 30л/м2).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец (над 70 км/час), а дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Во почетокот на наредната работна недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.