8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова страшна сообраќајка со смртни последици – ова се деталите

Уште една несреќа со смртни последици ја потресе Македонија во која загина едно лице.

На 30.03.2018 година околу 18,00 часот во атарот на с.Старо Нагоричани-Куманово, Ц.М. (82) од с.Старо Нагоричани додека орал со трактор на нива во м.в.„Бела грамада“, удрил во дрво.

Откако удрил во дрвото тракторот се превртел, а Ц.М. починал на лице место.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.