Ентони Јун, естетски хирург од Детроит, ги советува и едуцира луѓето секојдневно преку TikTok, а неодамна се осврна на темата губење на косата и нејзината густина.
Густата коса е нешто за што многумина сонуваат, а добрата вест е дека може да се постигне и без многу пари и одење на некои специјални третмани.
Девојка по име Одри Викторија сподели видео во кое зборува за чудесно масло и тврди дека тоа и помогнало да ја одржува косата мека, но и погуста.
Маслото за кое зборува е масло од рузмарин.
Јун го погледна нејзиното видео и без многу објаснувања се согласи бидејќи некои истражувања потврдуваат дека маслото од рузмарин може да помогне во нега на коса.
Доброто е што, освен што точно знаете што ставате на косата, маслото од рузмарин не е скапо. Како што покажа Одри, масирајте го маслото во скалпот и краевите на косата, оставете го преку ноќ и исплакнете со шампон наутро.