11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАЗДРАВЈЕ

Дали ладната вода е лоша за нашиот дигестивен систем?

Внатрешната телесна температура е околу 36 степени, и затоа треба да пиеме вода со слична температура за нормална функција на системот за варење во телото.

„Кога пиеме ладна вода, нашето тело треба да потроши многу енергија за да ја зголеми температурата на водата, оставајќи ни помалку енергија за лекување и менталните функции“, објаснува Сахара Роуз, експерт за традиционална медицина, за Mind Body Green.

Студената вода може негативно да влијае на дигестивниот систем, забавувајќи го. „Пиењето ладна вода ги стеснува крвните садови и можеби немате ефикасна функција и апсорпција, додека пиењето топла вода ги проширува крвните садови“, објаснува советникот Роуз.

Многу лекари препорачуваат ладни пијалоци за време на вежбање или оние кои живеат во потопла клима.

„Студената вода може да спречи значително зголемување на телесната температура и ве освежува и лади“, додава Роуз.

Ако сте жедни, не е паметно да почекате водата да достигне совршена температура.

Задржувањето на хидратацијата треба да биде ваш главен приоритет, особено за време на потоплите сезони и вежбањето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експертите загрижени: Чаша ладна вода во лето носи повеќе штета отколку добро

M T

Туширањето со ладна вода наутро ја подобрува функцијата на мозокот

M T