Centar.mk
БИЗНИС

Поскапени брашното, маслото, цените во Австрија вртоглаво растат

Во Австрија поради поскапувањето на многу неопходни состојки, палачинките стануваат луксуз, бидејќи за нивната подготовка сега се потребни повеќе пари од пред една година, пишуваат тамошните медиуми.

Анализата на цените покажала дека сончогледовото масло поскапело, во годишна споредба, за околу 137 отсто, брашното за 98 отсто, а јајцата за 40 отсто, додека млекото поскапело за 23 отсто.

Додека сончогледовото масло во септември минатата година чинеше 1,19 евра, сега чини 2,83 евра, покажуваат анализите на Комората на труд (АК).

Брашното по прифатлива цена, килограм, лани чинеше 0,40 евра, а сега 0,79 евра.

Најевтиното долгорочно млеко чинеше 1,05 евра, а сега чини 1,29 евра.

„Голем проблем, покрај поскапувањето, е тоа што во продавниците често не може да се најдат производи од поевтини брендови на соодветните синџири на супермаркети и дисконти. Затоа граѓаните мораат да купуваат поскапи производи и немаат можност да избираат меѓу поповолен и поскап“, се истакнува во соопштението на Комората на труд.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК