Полицијата во Лондон соопшти дека испитува сомнителен пакет што бил испратен до принцот Хари и неговата свршеница, Меган Маркл.
Полициските сили велат дека пакетот со супстанции на 12 февруари бил испорачан во палатата „Сент Џејмс“, каде што принцот Хари има канцеларија, но супстанцијата била тестирана и било потврдено дека не е штетна. Според наводите од полицијата, детективите испитуваат дали имало злонамерна комуникација.
Имено, некои од британските медиуми пренесоа дека во пакетот, наводно, имало и расистичка порака. Принцот Хари и Меган закажаа свадба на 19 мај годинава во замокот Виндзор.
Спонзорирано: