20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР задоволни од работата на АВМУ во текот на локалните избори

Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од заменик-шефот на одделот за избори, Ричард Лапин, и советничката за избори во ОБСЕ/ОДИХР, Тамара Отијашвили, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги го претстави конечниот извештај на набљудувачката мисија за локалните избори,одржани на 15 и 29 октомври 2017 година.

Во извештајот се наведува дека АВМУ ја докажала својата професионалност во текот на изборите целосно остварувајќи го својот мандат.

На средбата биле споделени искуствата од мониторингот на изборното претставување што го спровела Агенцијата, а се разговарало и за предлозите на Агенцијата за измена на изборната регулатива.

Посебен акцент на средбата бил ставен на предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Спонзорирано: