Според Светската здравствена организација, годишно 1,3 милиони луѓе умираат во сообраќајот на патиштата во светот.
СЗО препорачува ограничување на брзината од 30 км / ч во урбаните области.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус, рече дека на светот му се потребни градови безбедни, здрави, зелени и погодни за живот.
Според него, еден од начините да се постигне тоа е ограничување на брзината на возилата во урбаните средини. Намалувањето на брзината не само што ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите, туку и на самите возачи.
Податоците објавени од СЗО покажуваат дека годишно 1,3 милиони луѓе умираат во сообраќајот на патиштата во светот.
Спонзорирано: