8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата предводена од Зоран Заев добива засилување во Парламентот?

Во вечерашното интервју за Клик Плус на телевизијата 21, лидерот на Беса, Билал Касами најави дека Владата предводена од СДСМ ќе добие уште поголема поддршка во парламентот, преку зголемување на мнозинството.

Тој не откри конкретно кои пратеници ја најавиле поддршката на новата Влада, но рече дека со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието.

-За прв пат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четири годишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните, порача Касами.

Моментално владината коалиција е поддржана од вкупно 62 пратеници.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК