Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се пофали: Инвестираме во младите, заклучно до денес издадени се 39.012 ваучери за електронски уреди за студентите

„Заклучно до денес, издадени се 39.012 ваучери, а искористени се 18.848, значи толку се купени. Инаку мерката е 850 милиони денари“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски посочи дека ова до сега не се случило и оваа мерка за електронски уреди е дел од кампањата којашто има за цел да ги задржи младите во државата.

„Ова до сега не се случило и мислам дека ова е дел од онаа сеопфатна кампања којашто ја правиме за младите луѓе да останат тука дома“, посочи премиерот.

Мицкоски најави дека ќе има уште многу проекти за младите во годините коишто следат, бидејќи како што рече иднината е токму во нив.

„Уште многу вакви мерки ќе има во годините коишто следат, бидејќи нашиот најголем потенцијал е во младите луѓе и како Влада ќе сториме сѐ младите да ги задржиме тука бидејќи иднината е на младите луѓе“, порача Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК