Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Тргна исплатата на “Мој ДДВ” – повратот на данок легнува на сметките на граѓаните

Исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ официјално започна, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им се појавуваат на трансакциските сметки.

Ова е редовниот поврат за последниот пресметковен период (јули,авгус,септември), кој Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го префрлаат на сите граѓани кои редовно ги скенираат фискалните сметки.

Според Законот исплатата треба да биде финиширана до 30ти ноември.

Доколку сè уште не ви легнале парите, препорачливо е да ги проверите и податоците во апликацијата за вашата трансакциска сметка.

Корисниците кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата веќе известуваат дека добиле нотификации од банките. Повратот варира во зависност од сумата на скенирани сметки и максимално може да се оствари поврат од 2100 денари за тромесечие по лице.

Граѓаните повторно ги поздравуваат овие исплати, потсетувајќи дека „Мој ДДВ“ останува една од ретките мерки која директно враќа пари кај населението.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

ДЕСК

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК