Денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд, кој ќе започне од запад.
Повремено ќе дува засилен јужен ветер.
Послаби врнежи ќе има на истокот и понекаде во централните делови.
Врнежите ќе продолжат и во сабота кога ќе бидат поинтензивни и ќе се проследени со засилен на моменти силен југозападен ветер (над 80км/ч).
Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја.
На повисоките планини ќе има врнежи од снег.
Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег.
Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.на времето.
Спонзорирано: